Во напади со украински беспилотни летала врз региони во западна Русија загинаа две лица и запалено е складиште за гориво, објавија руските регионални гувернери на 20 април.
Во напад со беспилотно летало во текот на ноќта загинаа две лица во руската погранична област Белгород, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, велејќи дека станбена зграда и штала во селото Пороз се „целосно изгорени“. Уште една зграда претрпела големи оштетувања.
„Како резултат на пуштање на две експлозивни направи, се запали приватна станбена зграда. Трагично, двајца цивили загинаа – една жена се опоравува од фрактура на бутната коска и еден маж кој се грижел за неа“, напиша Гладков на Телеграм.
Тој додаде дека „синот на починатиот успеал да побегне од запалената зграда во последен момент“.
Видете и ова: Претставничкиот дом на САД ќе гласа за воената помош за УкраинаПретходно, тој спомена уште еден напад со украински беспилотни летала во селото Истобноје, но без жртви.
Во исто време, во регионот Смоленск, со дрон било нападнато складиште за гориво кои подоцна се запалило, изјави гувернерот Василиј Анокин на Телеграм.
Анокин рече дека е опожарен магацин за гориво во регионот Кардим, а пожарникарите се борат со пожарот.
„Како резултат на противвоздушната одбрана, леталата беа соборени. Но, откако паднаа нивните остатоци, резервоарот за гориво се запали“, напиша тој.
Тој додаде дека во првите моменти не било јасно дали имало повредени во нападот.
Гувернерот на регионите Курск, Калуга и Брјанск во западна Русија, исто така наведоа дека имало напади во нивните области.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнало 50 украински беспилотни летала во текот на ноќта, од кои 26 над регионот Белгород и еден над Москва.
Украина ги засили своите напади врз Русија во последниве недели, кои се насочени главно на енергетски важни локации.
Видете и ова: Столтенберг - НАТО ќе испрати противвоздушни системи во УкраинаИ покрај тоа што официјално не потврдува или негира дека напаѓа енергетски цели во Русија, Украина вели дека тоа се легитимни цели кои и помагаат на руската војска додека ги гаѓаат украинските градови и инфраструктура.
Со оглед на тоа што земјата зависи од западната, главно американска, воена помош за борба против руската офанзива, украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од сојузниците да го забрзаат снабдувањето со оружје за неговите вооружени сили, кои се борат со недостиг на воена опрема.
Во Соединетите држави, пратениците денеска ќе гласаат дали да го отклучат пакетот воена помош од 61 милијарда долари, кој долго време беше одложен поради политичките расправии.
Зеленски гласањето го нарече „одлука од витално значење“.