Во тек се судири на источната граница на Мјанмар со Тајланд, наведоа очевидци, медиумите и владата на Тајланд на 20 април.
Поради тоа околу 200 цивили биле принудени да избегаат, додека бунтовниците вршат притисок врз членовите на мјанмарската хунта, кои со денови се заглавени на мостот на границата.
Борците на отпорот и бунтовниците од етничките малцинства на 11 април го зазедоа клучниот трговски град Мијавада на страната на границата на Мјанмар, нанесувајќи ѝ тежок удар на добро опремената армија која се соочува со проблеми со управувањето, а сега и со голем тест за нејзиниот кредибилитет.
Тројца сведоци од двете страни на границата изјавија дека од петокот навечер до саботата наутро слушнале експлозии и рафали од митралез недалеку од важниот стратешки.
Видете и ова:
Хунтата во Мјанмар воведува задолжителен воен рок за младитеНеколку тајландски медиуми објавија дека околу 200 луѓе ја преминале границата и бараат привремено засолниште во земјата.
Тајландскиот медиум NBT во објава на социјалната мрежа X наведе дека силите на отпорот користеле митралези од 40 милиметри и фрлиле 20 бомби од беспилотни летала, насочени кон околу 200 војници на хунтата кои се повлекле по координираните бунтовнички напади врз Мијавада и воените пунктови.
Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди извештаите, а портпаролот на хунтата во Мјанмар не бил достапен за коментар.
Премиерот на Тајланд, Срета Тависин рече дека внимателно ги следи немирите и дека неговата земја е подготвена да обезбеди хуманитарна помош доколку е потребно.
„Не сакам да видам такви конфликти да имаат никакво влијание врз територијалниот интегритет на Тајланд, ние сме подготвени да ги заштитиме нашите граници и безбедноста на нашиот народ“, напиша тој на мрежата X, но не ги спомна бегалците.
Војската на Мјанмар се соочува со својот најголем предизвик откако ја презеде власта во поранешната британска колонија во 1962 година. Таа се бори во неколку конфликти со низок интензитет и се обидува да ја стабилизира економијата што пропадна по државниот удар во 2021 година против владата на добитничката на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи.
Видете и ова:
Фридом Хаус: Војните и изборните манипулации ги поткопуваат слободите ширум светотЗемјата е зафатена од граѓанска војна меѓу државната армија и лабавиот сојуз на армиите на етничките малцинства и движењето на отпорот кој настана по крвавата пресметка на хунтата со демонстрантите кои се спротивставија на воениот удар.
Заземањето на Мијавади и околните воени бази претставува значаен пораз за хунтата, која се соочува со проблеми поради санкциите на Западот. Градот е клучен поради големите даночни приходи и локацијата низ која поминуваат стоки чија размена изнесува повеќе од една милијарда долари годишно.
Весникот „Каосод“ во објава на мрежата Х, прикажа видео од цивили во Мјанмар, од кои многу жени и деца, како тајландски војници ги спроведуваат во земјата.
Тајланд во петокот објави дека бегалците не влегле во земјата и дека разговара со хуманитарните агенции за зголемување на помошта за цивилите на страната на Мјанмар.