Белата куќа: Бајден е против одделни пакети помош за Украина и Израел

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е против потенцијалниот предлог на републиканците во Претставничкиот дом да им дадат помош на Израел и Украина во два различни пакета.

„Ние не поддржуваме предлог-закон кој го финансира само Израел, бидејќи на Украина и треба муниција“, наведе Кирби.

Тој додаде дека претседателот на Претставничкиот дом, Мајкл Џонсон ја добил пораката на администрацијата и престанал да се обидува да ги одвојува пакетите за помош за двете држави.

Претходно, претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, изјави дека Претставничкиот дом на Соединетите Држави следната недела ќе гласа одделно за помош на Украина и Израел.

Видете и ова: Долниот дом на Американскиот конгрес посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

Американската помош за овие земји сè уште не е усвоена бидејќи Џонсон не сакаше да ја разгледа мерката од 95 милијарди долари што Горниот дом ја усвои во февруари. Вклучува 14 милијарди долари помош за Израел и 60 милијарди за Украина.

Џонсон нагласи дека новите мерки во Претставничкиот дом предвидуваат приближно исти износи на странска помош. Притисокот конечно да помине оваа финансиска помош преку Конгресот порасна по иранскиот напад врз Израел.