Дубаи под вода: поплавени се автопатите и аеродромот

Поплави во Дубаи, 16 април 2024 година

За само неколку часа од големото невреме кое го зафати Дубаи наврнало дожд колку за година и половина. Поплавени се главните сообраќајници и аеродромот, поради што мораа да бидат пренасочувани летови.

Големите дождови кои ги зафатија Обединетите Арапски Емирати и делови на Катар и Бахреин предизвикаа поплави.

Поплави во Дубаи, 16 април 2024

Во Оман, во неделата и понеделникот (14 и 15 април) во невремето загинаа 18 лица.

Метеоролозите и за денеска (17 април) најавуваат бури, поради што училиштата во Обединетите Арапски Емирати веројатно ќе останат затворени.