Поројните дождови предизвикаа големи поплави во Авганистан, при што загинаа најмалку 33 луѓе во последните три дена. Поплавите уништија стотици домови во главниот град на Авганистан, Кабул.
„За жал, 33 лица загинаа, а 27 беа повредени. како резултат на поплавите, додека околу 606 куќи се уништени во селата“, изјави портпаролот на талибанците, Мула Џанан Сајиќ.
Жител на селото Баст во провинцијата Хелманд, кој не сакаше да биде идентификуван, за РСЕ изјави дека „поплавите ни ги уништија земјоделските површини и куќите, нашите животни се уништени. Нашата област е меѓу две реки“.
Видете и ова: Екстремните временски услови однесоа десетици животи во Авганистан и ПакистанПри неодамнешните обилни снежни врнежи на почетокот на минатиот месец, најмалку 39 лица загинаа во различни провинции, додека десетици беа повредени.
„Неодамнешниот снег и дожд уништија целосно или делумно 637 куќи и убија повеќе од 14.000 добиток“, рече портпаролот на талибанското Министерство за управување со катастрофи, Џанан Саек.
На 4 март, талибанските спасувачи го отворија тунелот Саланг на голема височина, кој го поврзува северен Авганистан со главниот град Кабул.
Двете соседни земји, Авганистан и Пакистан се едни од најранливите на климатските промени. Тие често се соочуваат со земјотреси, суши, поплави, лизгање на земјиштето и други природни катастрофи.