Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг. Шолц денеска (на 13 април) отпатува во тридневна посета на Кина. Покрај Пекинг, Шолц ќе ги посети и градовите Чонгкинг и Шангај.
Кина е најважниот трговски партнер на Германија, па Шолц ќе биде придружуван од десетина менаџери на водечки германски компании.
Видете и ова:
Критики и предизвици за усвоената реформа на ЕУ за мигранти и азилВо германската делегација се и министерот за земјоделство Џем Оздемир, министерот за транспорт Фолкер Висинг и министерката за животна средина Штефи Лемке.
Тоа е второ патување на Шолц во Кина откако ја презеде функцијата кон крајот на 2021 година.