Најмалку пет луѓе и еден осомничен беа убиени во напад со нож во трговскиот центар во Сиднеј на 13 април. При вооружениот инцидент беа ранети и повеќе луѓе, вклучително и едно мало дете, соопшти полицијата.
Видете и ова:
Едно дете загина, а две се повредени во пукање во училиште во ФинскаНападот настанал кога еден човек со нож прободел девет луѓе, по што полицаец го убил, изјави помошник полицискиот комесар Ентони Кук.
„Пет жртви загинаа“, рече тој.
Кук рече дека осомничениот делувал сам и дека нема „постојана закана“.
Тој рече дека официјалните лица сè уште не знаат кој е сторителот и нема индикации за мотивација.