Пакистанската полиција трага по вооружени напаѓачи кои убиле осум лица откако ги киднапирале од автобус на автопат во југозападниот дел на земјата.
Заменик-полицискиот комесар Хабибула Мосахаил изјави дека киднапирањето се случило на 12 април во провинцијата Балучистан. Тоа е област во која долго време трае бунт на сепаратистите кои се борат за независност. Според полицијата, потрагата по сторителите е во тек.
Видете и ова: Седумнаесет мртви во автобуска несреќа во ПакистанТој додаде дека вооружените напаѓачи поставиле блокада, а потоа го запреле автобусот, им ги прегледале личните карти на патниците.
„Тие зедоа со себе осум лица, сите од источната провинција Пенџаб, бегајќи во планините“, рече тој.
Полицијата подоцна пронашла осум тела под мост на околу 5 километри (3 милји) од автопатот. Претходно во петокот, истите вооружени напаѓачи отворија оган кон возило кое не застана за нивната блокада, убивајќи двајца, а ранети шест.