Унгарија најави нови рестрикции за земјоделски производи од Украина

Илустративна фотографија - Товарање камион со пченица во Одеса, јужна Украина, јуни 2022 г.

Владата на Украина ќе воведе нови рестрикции за увоз на земјоделски производи од Украина соопшти унгарскиот министер за земјоделство Ишван Наѓ на 11 април.

Според објаснувањето, ваквиот потег се прави за да ги заштити унгарските земјоделски од нарушување на пазарот предизвикано од поевтините земјоделски производи од Украина.

Наѓ на прес-конференција оцени дека одлуката на ЕУ во 2022 година да дозволи увоз без царина од Украина, со цел да и помогне на украинската економија да се одржи по руската инвазија, довела до „сериозни резерви и значително пониски цени“ на европскиот земјоделски пазар.

Видете и ова: Британските земјоделци со трактори протестираа пред британскиот Парламент

Министерот ги обвини ЕУ и Европската комисија дека не ги заштитиле европските земјоделци кои не можат да се натпреваруваат со евтиниот увоз. Тој најави дека Унгарија ќе воведе дополнителни мерки за заштита во рамките на своите национални надлежности.

„Брисел и Европската комисија ги предадоа унгарските земјоделци и наместо тоа ги поддржуваат украинските олигарси“, рече Наѓ.

Унгарија има затегни односите со соседна Украина и е една од земјите на ЕУ што дадоа најмала поддршка на Киев за време на војната со Русија.

Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Унгарија соопшти дека нема да му обезбеди оружје на Киев и нема да дозволи конфликтот да се префрли преку нејзината источна граница.

Таа, исто така, се противеше на санкциите против Москва и се закани дека ќе ја блокира финансиската помош на ЕУ за нејзиниот сосед погоден од војна.

Наѓ во четвртокот рече дека владата одлучила за план од пет точки за помош на унгарските земјоделци, кој вклучува, меѓу другото, ограничувања на преработените украински житни производи.

Унгарската влада минатата година воведе забрана за увоз на 24 украински земјоделски производи, но рече дека ќе дозволи нивен транспорт преку нејзина територија. Забраната се однесуваше на житариците, маслодајните семиња, брашното, маслото за јадење и неколку месни производи. Минатиот месец украинскиот природен мед беше отстранет од листата на забранети увозни производи.

Видете и ова: „Треска“ за функции во Брисел

Во март, ЕУ постигна договор да ја обнови привремената суспензија на царините и квотите за украинските земјоделски производи. Меѓутоа, ако увозот на основните прехранбени производи од Украина ги надмине просечните количини увезени во 2022 и 2023 година, тоа би можело да ја принуди Европската комисија повторно да воведе увозни квоти.

Во текот на февруари и март земјоделците протестираа ширум Европа, а една од главните причини за нивното незадоволство беше нивната тешка финансиска состојба поради увозот на земјоделски производи од Украина, што влијаеше да се намалат цените на пазарот.