Кремљ предупреди дека поплавите допрва треба да го достигнат врвот во неколку региони на земјата. Десетици илјади луѓе во јужна Русија и соседен Казахстан беа погодени од една од најтешките поплави во последните децении, откако невообичаено високите температури го стопија снегот побрзо од вообичаеното.
Повеќе од 10.000 домови веќе се поплавени од водата што тече од планините Урал и Сибир, а илјадници луѓе се загрозени, соопштија локалните власти.
На северот на Казахстан ситуацијата наводно е полоша, бидејќи повеќе од 86.000 луѓе се евакуирани, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Неколку региони во двете земји прогласија вонредна состојба додека официјалните лица се обидуваат да координираат одговор.
Видете и ова:
Илјадници евакуирани во Русија и Казахстан поради поплави„Сè уште претстојат тешки денови“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите во вторникот во Москва.
Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговори со неговиот казахстански колега Касим-Жомарт Токаев за заеднички напори за справување со катастрофата.
„Во разговорот беше нагласена блиската соработка на соодветните агенции на двете земји, кои заеднички ја следеа и прогнозираат ситуацијата, презентираа и спроведоа координативни мерки за одговор на ситуацијата“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Кремљ,
Во Русија, најлоши поплави беа во областа Оренбург, каде локалната брана во градот Орск пукна три пати од 5 април.
Најмалку пет лица загинаа во поплавите, а во понеделникот локалните жители протестираа пред седиштето на локалната власт во Орск, барајќи посилна официјална акција и повикувајќи го Путин да интервенира.
Видете и ова:
Поради поплавите во Русија, вонредна состојба во три областиПесков во вторникот за новинарите изјави дека Путин во моментов не планира да го посети регионот Оренбург, нагласувајќи дека претседателот „се грижи за ова прашање“ дури и кога не е на лице место.
Според последните информации од Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, 3.365 приватни куќи и 348 домаќинства се уште се под вода во регионите Атирау, Акмола, Актобе, Северен Казахстан и Костанај.
Се наведува дека 15 камиони со 300 тони хуманитарна помош, вклучувајќи храна, шатори, облека, батериски ламби и генератори на струја, пристигнале во четири региони погодени од поплавите.