Молотови коктели фрлени врз руската амбасада во Литванија

Вилнус, Литванија, улични таблички на литвански и на украински јазик на кои пишува „Улица на украинските херои“ која води до руската амбасада

На зградата на руската амбасада во Литванија ноќта на 8 април биле фрлени шишиња со запалива смеса.

Две ноќи по ред се случуваат напади, а во нив бил оштетен ѕидот на амбасадата. Сторителите за сега се непознати, а полицијата започна истрага.

По почетокот на руската инвазија на Украина, се случија неколку инциденти околу руските амбасади во различни земји.

Видете и ова: Амбасадорката на САД во НАТО: Русија работи на дестабилизација на Западен Балкан

Во Талин претставништвото во Естонија беше гаѓано со јајца. Во Букурешт автомобил влетал во капијата на руската амбасада во Романија, по што се запалил.

Руската амбасада во Кишињев беше нападната два пати. Во октомври 2022 година, врз неа беа фрлени петарди и на оградата беа оставени навредливи натписи, а во август 2023 година, автомобил помина низ вратите на амбасадата во Молдавија.