Турција го откажа безвизниот режим за државјаните на Таџикистан, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 6 април, без да наведе каква било причина за одлуката.
Министерството за надворешни работи на Таџикистан подоцна соопшти дека Анкара официјално не го известила Душанбе за нејзиниот план за укинување на безвизниот режим, кој беше во сила од 2018 година и им дозволуваше на граѓаните на Таџикистан да останат во Турција до 90 дена без виза.
„Според меѓународната пракса, турската страна требаше официјално да извести за датумот од кој ќе биде воведен визниот режим за граѓаните на Таџикистан. За жал такви информации сè уште немаме добиено“, реагираа од таџикистанското МНР.
Видете и ова: Приведено уште еден лице за нападот во концертната сала кај Москва – досега вкупно 11Тие им препорачуваат на своите државјани да „преземат чекори за да ги подготват своите документи за виза“, но и дека „би било добро доколку одберат друга земја како транзитна дестинација за нивните патувања“.
Турција не соопшти ништо за причините за воведување визи, но повеќето руски медиуми ваквиот чекор го поврзуваат со нападот во сала во Градското собрание Крокус во Москва и на христијанската црква во Истанбул, во кои меѓу осомничените има државјани на Таџикистан.
Како одговор на ваквиот потег на Анкара, и Таџикистан воведе визи за турските државјани.
Од Таџикистан до Истанбул неделно има шест летови и оваа рута се смета за главна при меѓународните транзитни летови што ги користат Таџикистанците.
Турција и Таџикистан имаат воспоставено дипломатски односи од 1992 година. Според податоците на таџикистанското МНР, во 2022 година прометот од надворешната трговија меѓу двете земји изнесувал 251 милиони американски долари.