Денеска до 28 степени, попладне можен е дожд

Во Скопје во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, (архивска фотографија)

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а максималната дневна температура ќе се движи од 21 со 28 степени, прогнозира УХМР.

Попладне во источните делови на земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Во Скопје во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.