Климатската активистка Грета Тунберг приведена на протести во Хаг

Климатската активистка Грета Тунберг во Хаг, Холандија, 6 април 2024 г.

На 6 април, полицијата ја приведе климатската активистка Грета Тунберг на протестите во Хаг, Холандија, објави Ројтерс.

Полицијата во саботата ја стави Тунберг во голем автобус заедно со другите демонстранти кои се обидоа да го блокираат главниот автопат кон Хаг.

Тунберг се придружи на протестот на стотици активисти, а беше приведена кога се приклучи на група од околу стотина луѓе кои се обидоа да го блокираат автопатот А12.

Видете и ова:

Грета Тунберг се изјасни за невина по апсењето на протестот во Лондон

Активистите во изминатите месеци десетици пати го блокираа тој пат, барајќи укинување на сите субвенции за користење на фосилни горива.

На претходните протести полицијата ги одведе приведените демонстранти во друг дел од градот, каде што беа ослободени без дополнителни последици.

Локалната полиција не беше достапна за коментар во саботата, пренесува Ројтерс.