Пет автомобили изгореа во пожар под Скопското Кале

Во гаснењето интервенирале етири противпожарни возила и 13 пожарникари, 6 април 2024 г.

Пет автомобили изгореа во пожар што на 6 април избувна под Скопското Кале.

Огнот, кој избувна на поранешниот полигон за полагање возачки испит, е изгаснат со интервенција на пожарникарите.

На терен се присутни и полициски екипи, а сега нема информации за причините.

Видете и ова: ЕК ќе набави 12 авиони за гаснење пожари

Командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, вели дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

Во гаснењето биле вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари.