Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска, 6 април.
Се очекува да дува умерен ветар кој ќе биде поизразен во источните дело на државата, а дневната температура ќе се движи од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде 28 степени.
Според прогнозите на УХМР, сончево и топло време со повремена умерена облачност ќе биде и во наредните денови.
Промена на времето со локални врнежи од дожд се очекува кон средината на следната седмица.