Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои наполниле 18 години, утре (6 април) да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која ќе биде изработена во разумен рок за да можат да го оставарт своето гласачко право.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека се работи за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.
Во однос на динамиката на изработка на личните документи, Тошковски рече дека моментално се работи со целосен капацитет, но и дека не очекува да се зголеми во перидот што следи.
„За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеци. Да не се лажеме, тоа се капацитетите“, изјави Тошковски.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нов ред за новите пасоши
Тошковски кој денеска беше во посета на СВР Скопје, исто така, рече дека во пресрет на изборите, бил информиран дека безбедноста состојба на територија на Скопје и целата територија на државата е стабилна.