Пуштени дома повредените македонски државјани во сообраќајната несреќа во Италија

Зградата на Министерството за надворешни работи на РСМ

По вчерашната сообраќајна несреќа во Италија и по укажаната лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто, 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден биле пуштени дома во добра здравствена состојба.

Како што соопшти МНР, 12-от патник, македонски државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денов ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.

„Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, стои во соопштението на МНР.

Видете и ова:

Една жртва во сообраќајка на македонски автобус во Италија

На автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија вчера(4 април) се случи сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени беа 12 патници, исто така македонски државјани.