Нов земјотрес кај Никшиќ во Црна Гора

Приказ на епицентарот на земјотресот, 3 април 2024 година

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во средата кај Никшиќ, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), пренесува агенцијата Мина.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 32 километри северозападно од Никшиќ, на длабочина од десет километри.

Земјотресот е регистриран во 12 часот и 40 минути.

Според луѓето на социјалните мрежи, земјотресот бил почувствуван во Босна и Херцеговина и Србија.

Земјотрес во вторник вечерта беше погодена и во областа на општина Никшиќ, со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Нема повредени или штети.