Претседателот на Киргистан го потпиша контроверзниот закон за „странски претставници“

Садир Јапаров, март 2024 година

Киргистанскиот претседател Садир Јапаров на 2 април потпиша контроверзен нацрт-закон кој ќе им овозможи на властите да регистрираат организации како „странски претставници“, за кој критичарите велат дека го отсликува репресивното законодавство за „странски агенти“ на Русија.

Јапаров во објава на Фејсбук наведува дека законот ќе ги „регулира“ активностите на невладините организации кои добиваат финансиска поддршка од странство.

Видете и ова:

Претседателот Јапаров ги обвинува САД за мешање во внатрешните работи на Киргистан

Невладините организации и групите за човекови права го повикаа Јапаров да стави вето на законот, велејќи дека тој само го заменува терминот „странски претставник“ со „странски агент“.

Руските власти го користат законот за „странски агенти“ за да ги дискредитираат така етикетираните и да го задушат несогласувањето.