Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека веднаш ќе ја затвори сателитската телевизија Ал Џезира. Нетанјаху вети дека ќе го затвори „терористичкиот канал“ откако парламентот усвои закон на 1 април со кој се отвора патот на земјата да го запре емитувањето на Ал Џезира од Израел.
Нетанјаху ја обвини Ал Џезира за нанесување штета на израелската безбедност, учество во нападите на Хамас на 7 октомври – што САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација – и поттикнување насилство врз Израел.
Белата куќа соопшти дека планот на Израел да ја забрани Ал Џезира е „загрижувачки“, јавува АП.
Видете и ова: Антивладините демонстранти во Израел поставија шатори пред парламентот
Законот, им дава овластување на премиерот и министерот за комуникации да наредат затворање на странските мрежи кои работат во Израел и да им се конфискува опремата доколку се верува дека тие претставуваат „штети на државата безбедност“.
Усвојувањето на законот доаѓа речиси пет месеци откако Израел рече дека ќе го блокира либанскиот медиум Ал Мајадин.
Од почетокот на израелската војна во Газа во октомври, израелската влада усвои регулативи за време на војната што и дозволуваат привремено да затвори странски медиуми кои се сметаат за закана за нејзините национални интереси со согласност на судовите.