Антивладините демонстранти во Израел поставија шатори пред парламентот

Демонстранти бараат оставка од израелскиот премиер Нетанјаху, предвремеи избори и враќање на израелските заложници од Газа, 31 март 2024 година

Илјадници луѓе во Израел поставија стотици шатори пред зградата на парламентот во западен Ерусалим, барајќи оставка од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, предвремени избори и враќање на израелските заложници од Газа, јавуваат медиумите.

По антивладините демонстрации во Израел, на кои во неделата вечерта(31 март) присуствуваа околу 100 000 луѓе, некои групи поставија стотици шатори пред израелскиот парламент.

Групи организатори на протестите кои бараат оставка од владата на Нетанјаху, предвремени избори и враќање на израелските заложници најавија дека ќе останат во шатори четири дена.

Илјадници луѓе присуствуваа на протестите одржани на десетици локации, вклучувајќи ги Тел Авив, Кајсарија, каде што се наоѓа личната резиденција на Нетанјаху и северниот град Кфар Саба.

Видете и ова: Хамас потврди дека израелската армија се повлекла од болницата Ал Шифа во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера(31 март) изјави дека барањата за предвремени избори поставени за време на неодамнешните протести кои се интензивираа низ целата земја ќе го парализираат Израел.

Илјадници луѓе протестираа низ Израел во саботата против актуелната влада предводена од премиерот Нетанјаху, барајќи договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас.

Израел и меѓународната заедница го обвинуваат премиерот Нетанјаху дека поради политички причини не склучил договор за размена на затвореници со Хамас.