Најмалку седум загинати во експлозија на автомобил - бомба во Сирија

Сирија - Спасувачите ги проверуваат остатоците од автомобилот на местото на експлозија на бомба во северниот сириски град Азаз, 31 март 2024 година.

Најмалку седум лица загинаа во напад со автомобил-бомба на фреквентен пазар во северна Сирија.

Неколку други се повредени во овој напад во градот Азаз во провинцијата Алепо, во близина на турската граница.

Не е јасно кој го извршил нападот во градот, кој е под контрола на протурските милиции кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Турските сили и нивните посредници контролираат големи области на Сирија долж границата што ја делат двете земји.

Кога се случи експлозијата, пазарот беше полн со луѓе кои купуваа нова облека за своите деца.

Бели шлемови, волонтерска спасувачка група која оперира во Сирија, соопшти дека меѓу загинатите има две деца.

Снимките од последиците покажуваат тела како лежат на земја, оштетени згради и запалени остатоци од автомобили.