Заложничката криза во Холандија заврши со ослободување на заложниците и апсење на вооружениот маж

Полицијата во Еде за време на заложничката криза, 30 март 2024 година.

Заложничката криза која со часови траеше во градот Еде на истокот на Холандија заврши на 30 март со ослободување на неколку лица кои ги држеше во заложништво вооружен маж, кој беше приведен во полициска акција за ослободување на заложниците.

Вооружен маж киднапираше неколку вработени во кафулето. Прво ги пушти тројцата, а потоа маскиран со рацете во воздух го напушти кафулето. Полицијата веднаш го приведе, а дека кризата е минато потврди и градоначалникот на Еде. После тоа, четвртиот и последен заложник го напуштил кафулето.

Полицијата претходно соопшти дека нема индиции дека мотивот на киднаперот е од терористичка природа, а околу 11:30 соопшти дека тројцата заложници се ослободени.

На местото на настанот се распоредени неколку специјални полициски единици, зграда во центарот на градот, се вели во објавата на полицијата на социјалните мрежи.

Како што пренесе Ројтерс, маж вооружен со огнено оружје и експлозиви држеше неколку луѓе како заложници во локалниот бар наречен Petticoat. Сопственикот потврди дека заложниците биле работници во кафуле.

Полицијата соопшти дека 150 домови се евакуирани.