Започнува летното сметање на времето

Илустрација

Од вечерва, летното сметање на времето започнува од 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви, информираше Владата на Северна Македонија во вторникот.