Комитетот за човекови права на Обединетите нации (ОН) ја повика Србија да преземе брза, темелна и независна истрага за сите наводи за нерегуларности на изборите на 17 декември.
Телото изрази загриженост поради извештаите за купување гласови и заплашување гласачи.
„Ја повикуваме Србија да го зајакне надзорот на изборните кампањи и да спроведе сеопфатни програми за едукација на гласачите“, беше соопштено од Женева на 29 март.
Комитетот на ОН додава дека има извештаи за притисоци врз гласачите, незаконско полнење на гласачки кутии и злоупотреба на јавните ресурси за време на изборите.
Видете и ова:
Дел од српската опозиција уште еднаш ја покани власта на дијалог за изборните условиИзвештајот изразува загриженост за широко распространетиот говор на омраза на интернет и во традиционалните медиуми од страна на политичари и високи функционери, насочен кон новинарите, Ромите и другите етнички или национални малцинства, како и особено ЛГБТ луѓето.
„Ја повикуваме Србија ефикасно да ги примени и спроведе правните и политичките рамки за борба против злосторствата од омраза, јавно да ги осуди и да ги интензивира активностите за сузбивање на ширењето на говорот на омраза на Интернет“, се додава во соопштението.
Комитетот за човекови права на Обединетите нации е тело од независни експерти кои го следат спроведувањето на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права во земјите-членки.
На денот на изборите, коалицијата Србија против насилството (СПН) ја обвини владата дека донела во Белград 40.000 луѓе од Република Српска во Босна и Херцеговина (БиХ) и локалните области каде што немаше избори на 17 декември со цел лажно да го пријават своето живеалиште за СНС.
Затоа СПН побара поништување на изборите.
Видете и ова:
Брнабиќ: Избори во Белград на 2 јуниВладејачката Српска напредна партија (СНС) ги отфрли обвинувањата и подготвува нови избори во Белград, откако не успеа да формира влада во два наврати по 17 декември.
Опозицијата најави дека нема да учествува на повторените избори во Белград доколку институциите до јуни не го уредат избирачкиот список, на учесниците не им овозможат излегување на телевизија со национална фреквенција и доколку СНС не престане да ги користи државните ресурси во кампања.
Набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) во извештајот наведува дека на декемвриските избори во Србија имало притисок врз вработените во јавниот сектор да гласаат за владата и медиумска доминација на Александар Вучиќ. ОДИХР даде 25 препораки за фер избори.
Европскиот парламент усвои резолуција со која бара меѓународна истрага за наводната кражба на изборите во декември и укинување на средствата на Европската унија за Србија, доколку се докаже вмешаноста на владата.