Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград на 26 март нареди итно да се идентификуваат креаторите на некролозите со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави Радио телевизија на Србија.
Одделот за високотехнолошки криминал доби наредба да ги идентификува луѓето кои споделија овој некролог на социјалните мрежи.
Овие дејствија претставуваат кривично дело кое се гони по службена должност и мора да бидат санкционирани согласно законот“, најави главниот обвинител.
Претставниците на партиите од владејачкото мнозинство на 26 март го осудија објавувањето на лажен некролог со ликот на претседателот на Србија, кој беше споделен на Фејсбук групата „За подобар Младеновац“.
Фотографијата со сина рамка ја сподели претседателката на српскиот парламент и функционерка на Српската напредна партија (СНС) Ана Брнабиќ на социјалната мрежа Х.
Видете и ова: Дел од српската опозиција уште еднаш ја покани власта на дијалог за изборните условиТаа наведе дека надлежните органи си ја вршат работата, со оценка дека некрологот не е „ниту е шега, ниту е забавен“, туку вознемирувачки и претставува „јасна и недвосмислена закана по животот на претседателот“.
Претседателот на СНС и министер за одбрана Милош Вучевиќ оцени дека тоа е „уште една срамна кампања против претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.
Вучевиќ и други претставници на СНС ја обвинија опозициската коалиција „Србија против насилството“ дека стои зад објавувањето на некрологот.
Партиите и движењата собрани во коалицијата „Србија против насилство“ во Младеновац соопштија дека немаат никаква врска со лажната посмртница на претседателот на Србија.
„Ние се залагаме за Србија без насилство и ваквата борба против режимот не е прифатлива за нас“, се наведува во соопштението.
На лажната посмртница на претседателот реагираше и комесарката за заштита на еднаквоста, Бранкица Јанковиќ, која посочи дека тоа е апсолутно за осуда.