Тајван ја тестираше својата противвоздушна одбрана и најави дека ќе ги интензивира воените вежби поради честите воени активности на Кина во близина на островот
Командата на воздухопловните сили на Тајван во кусото соопштение наведе дека меѓу 5 и 7 часот утринава (26 март), по локално време, спровела „сеопфатни вежби за противвоздушна одбрана“ користејќи ракети земја-воздух од сопствено производство „Небеска стрела“(Sky Bow), како и американските „Патриот“, заедно со авиони и бродови на морнарицата.
„Соочени со кинеските авиони и бродови, што често пати навлегуваат во близина на морето и воздушниот простор на Тајван, Военото воздухопловство ќе продолжи да го зголемува интензитетот на вежбите за справување со потенцијалните закани“, соопштија од воздухопловните сили.
Видете и ова: Кина испрати десетици воени авиони над ТајванГоворејќи во Суао на источниот брег на Тајван, каде има голема поморска база, портпаролот на Министерството за одбрана, Сун Ли-Фанг, кажа дека иако нема директна врска помеѓу, како што ги нарече, рутинските годишни воени вежби, како овие, и актуелните тензии, заканата од Кина продолжува да расте
„Многу е важно да ги зголемиме нашите севкупни воени капацитети“, изјави портпаролот Сун до новинарите кои ја следат вежабата.
Кина тврди дека полага право на Тајван, но Тајпеј го отфрла ова и вели дека само жителите на островот имаат право да одлучуваат за иднината на Тајван.