Четири лица загинаа, а 25 други се ранети во експлозија која се случи на 21 март во авганистанскиот град Кандахар, соопштија талибанците и болничките власти.
Експлозијата се случила додека луѓе вработени од талибанските власти се собрале пред локалната филијала на банката „Њу Кабул“ чекајќи да си ги подигнат платите, се вели во извештаите.
Видете и ова:
Авганистанските жени бараат Талибанците да стават крај на забраните и ограничувањатаИнамула Самангани - шеф за информации и култура на талибанската влада во Кандахар, потврди дека неколку луѓе се повредени во оваа експлозија:
„Јас сум во болница, разговарав со властите и лекарите овде, некои се јавуваат и сакаат да им дадат крв на повредените. Има неколку повредени, но тие не се во тешка состојба“.
Кандахар долго време беше упориште на талибанците, а врховниот водач на тврдокорната група Хаибатула Ахунџада живее во градот.
Засега нема ниту една група нема преземено одговорност, но неколку милитантни групи, вклучително и Исламска држава, извршија напади откако талибанците се вратија на власт во 2022 година.