Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска да одржи седница на која треба да ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Кандидатури поднесоа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска - Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од коалицијата „Вреди“. Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.
Видете и ова: Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за парламентарните избориАко ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку се утврди дека во листата има одделни неправилности, ДИК ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите.
Видете и ова: Јакимовски за црната листа: Изненаден сум, ова е нечесна работаНа партиите им остануваат 14 дена до почетокот на кампањата за претседателските избори, а течат и роковите за подготвување на листите за пратеници. Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК. најдоцна до полноќ на 2 април