Захарова најави средба на Лавров со Дачиќ во Москва

Ивица Дачиќ и Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре (21 март) во Моксва ќе се сретне со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесе руската агенција Интерфакс.

„Утре, 21 март, се планирани разговори со нашиот српски колега“, рече Захарова на брифинг со новинарите.

Министерството за надворешни работи на Србија не одговори на прашањето на РСЕ дали може да ја потврди оваа средба.

Видете и ова:

Вучиќ му честиташе на Путин за победата на изборите

Србија е една од ретките европски земји кои не воведоа санкции кон Русија поради нејзината инвазија на соседна Украина и продолжија да одржуваат контакти со руски официјални лица.

Официјален Белград смета на поддршката од Русија во меѓународните организации и институции во однос на непризнавањето на Косово како држава.

Србија не ја признава независноста на Косово, но води дијалог со Приштина за нормализација на односите под покровителство на ЕУ, што треба да резултира со правно обврзувачки договор.