ЕУ дозволи бесцарински пристап за украинските производи

илустрација

Европската Унија (ЕУ) постигна привремена спогодба со која се дозволува бесцарински пристап до пазарите на украинските земјоделски производители до јуни 2025 година.

Во соопштението од Европскиот Парламент се наведува дека одлуката е во согласност со предлогот на Европската Комисија од јануари, дотогаш да се суспендираат царините и квотите за украинските земјоделски производи, со „кочници по потреба“ за живината, јајцата и шеќерот. Тоа значи дека ќе се воведат царини, доколку увозот ги надмине просечните нивоа oд 2022 и 2023 година.

Сепак, по неколкумесечни протести на земјоделците поради правилата за животна средина на ЕУ и евтиниот увоз, пратениците на ЕУ почнаа да ја прошируваат листата за итни случаи за да го опфатат производството на други земјоделски увози и да ја додадат 2021 година како референтна година.

Ова беше предвидено пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина, кога украинскиот извоз во ЕУ беше ограничен со царини и квоти.

Европските законодавци во средата го проширија списокот со овес, пченка, сорго и мед, пишува Ројтерс.

Видете и ова: ЕУ ќе воведе царини за увоз на руско и белоруско жито

Собранието соопшти и дека ги исполнило обврските на Комисијата за преземање мерки доколку се зголеми увозот на украинска пченица.

„Референтен период за активирање на итно сопирање ќе бидат годините 2022 и 2023 година, што укажува на повторно воведување царини, доколку увозот на овие производи ги надмине просечните количини за овие две години“, се вели во соопштението.

Преговарачите на Европскиот Парламент, исто така, осигураа дека Комисијата ќе дејствува во рок од 14 дена наместо 21, доколку се достигнат нивоата на активирање за автоматски заштитни мерки.

Украина рече дека извозот на земјоделски производи не им штети на пазарите на ЕУ, особено сега кога 95 отсто од украинскиот земјоделски извоз оди преку Црното Море и дека одлуката на ЕУ е прифатлива.

Оваа привремена спогодба мора да биде одобрена од Европскиот Парламент и владите на ЕУ, а одлуката за неа најверојатно ќе биде донесена во април.