Претседателските избори во Русија „може да се опишат само како недемократски“, со оглед на маргинализацијата на граѓанското општество од страна на Кремљ и „интензивната репресија“ на независните гласови, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Викендов во Русија се одржаа претседателски избори на кои Владимир Путин побара петти претседателски мандат.
Блинкен во соопштението на Стејт департментот на 19 март рече дека пред изборите, Кремљ „систематски ги маргинализирал“ групите кои се залагаат за демократски процеси и владеење на правото, вклучително и независните набљудувачи на изборите, истовремено негирајќи ги потенцијалните кандидати кои го критикуваат Путин.
„Овие чекори го прикажуваат степенот до кој Кремљ им ускрати на своите граѓани транспарентен, значаен демократски процес. Во тој контекст, овие избори може да се опишат само како недемократски“, рече Блинкен во изјавата.
Путин, кој има 71 година и кој е на власт како претседател или премиер од 2000 година, треба да го надмине скоро 30-годишното владеење на советскиот диктатор Јозеф Сталин до крајот на неговиот нов мандат и да стане руски лидер со најдолг стаж во повеќе од два века.
Путин освои уште еден шестгодишен мандат со постсоветски рекорд од 87,3 отсто од гласовите, со излезност од рекордни 77,4 отсто, соопшти Централната изборна комисија.
Гласањето, кое се одржат од 15 до 17 март е првото за Путин откако тој ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Инвазијата досега однесе десетици илјади Руси и доведе до јасен прекин на односите со Западот. Во одржувањето на она што нашироко се сметаше за лажни избори, Путин сака да покаже дека ја има целосната поддршка од нацијата, велат експертите.
Гласањето се одржа и на териториите окупирани од Русија во Украина, каде што се наоѓаат стотици илјади руски војници. Москва незаконски ги анектираше регионите откако ја започна инвазијата, иако останува нејасно колкав дел од територијата контролира.
Во строго контролираната изборна трка, на Путин му се спротивставија тројца релативно непознати политичари, пријателски настроени кон Кремљ, чии кампањи едвај беа забележливи.