Шефот на Агенцијата на ОН за палестнски бегалци вели дека му бил забранет влез во Газа

Филип Лазарини, Женева, јануари 2024 година.

Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) рече дека му бил забранет влез во Газа на 18 март.

Филип Лазарини рече дека се обидува да пристапи до енклавата за да го „координира и подобри хуманитарниот одговор“.

Израел допрва треба да одговори на тие тврдења.

Во објава на социјалните мрежи, Лазарини го сврте вниманието на хуманитарната ситуација во Газа, наведувајќи дека гладот е неизбежен во северниот дел на Појасот Газа и дека гладот е колективна дамка за човештвото.

„Глад е неизбежен во северниот дел на Појасот Газа и се очекува да пристигне од сега до мај. Два милиони луѓе = целото население на Газа се соочува со кризни нивоа на несигурност во храната или уште полошо. Половина од населението целосно ги исцрпи резервите на храна и капацитетите за преживување. Тие се борат со катастрофалниот глад“, напиша тој.

Видете и ова:

Израелските сили спроведуваат операција во областа на болницата „Ал Шифа“ во Газа

Ова е најголемиот број на луѓе што некогаш е регистриран дека е соочен со катастрофален глад, а УНИЦЕФ претходно предупреди дека бројот на деца на возраст под две години кои страдаат од акутна неухранетост е двојно зголемен за еден месец, рече Лазарини.

„Децата сега умираат од дехидрација и глад“, нагласи тој.

УНВРА, истакна Лазарини, има убедливо најголемо присуство од сите хуманитарни организации во Газа и неговата посета требаше да го координира и унапреди хуманитарниот одговор.

„Ова вештачко гладување под наша стража е дамка на нашата колективна човечност. Залудно е потрошено премногу време, сега мора да се отворат сите копнени премини. Гладот може да се спречи со политичка волја“, рече Лазарини.

Односите меѓу Израел и УНРВА го допреа дното откако израелската влада обвини дека 13 лица од персоналот на агенцијата одиграле директна или индиректна улога во нападите на 7 октомври врз Израел од страна на Хамас, палестинска организација означена како терористичка од Соединетите Американски Држави и Европска унија.

Голем број земји го повлекоа финансирањето на УНВРА по ваквите тврдења, додека ОН започнаа истрага.

Израелската војска започна офанзива во Газа откако вооружени лица на Хамас убија околу 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври и зедоа 253 заложници. Министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас, тврди дека оттогаш повеќе од 31.300 луѓе се убиени на палестинска територија.