Судскиот дел во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо во Турција е завршен, останува само административниот дел, изјави на 15 март министерот за правда на Северна Македонија, Кренар Лога.
Палевски е во екстрацидионен притвор во Турција. Тој е осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.
Во изјава за медиуми по отворањето на денешната меѓународна конференција по повод 60 години Уставен суд, министерот Лога рече дека според зборовите на неговиот колега од Турција, очекува дека екстрадицијата би била за брзо време.
„Ни дадоа некој рок, како и да е, јас не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, не од нас“, рече министерот.
Видете и ова: Уапсен Љупчо Палевски-осомничениот за грозоморното убиство на 14-годишната ВањаЛога минатито месец беше во посета на Турција и за време на посетата зборуваше со своите домаќини за екстрадицијата на Палевски.
Во однос на прашањето дали е побарано нешто дополнително од нашата држава во врска со тој случај, тој одговори дека нема друга комуникација.
Љупчо Палевски Палчо повеќе од три месеци е во екстрадационен затвор во Турција. Тој е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања и на Панче Жежовски.
Нивните тела беа пронајдени во ист ден, на 3 декември лани – едното во близина на Скопје, а другото кај Велес. Палевски беше уапсен неколку денови подоцна во Турција.
Како соизвршители во делата во притвор се наоѓаат уште три лица.
Петтоосомничен за помагање во грабнувањето на девојчето е нејзиниот татко, кој е во притвор.
Видете и ова: Врховен одлучи: Таткото на Вања останува во притвор
За помагање во бегството на Палчо, пак, е осомничено едно лице кое се наоѓаше во притвор, но на 12 март по барање на обвинителството му беше укината оваа мерка и наместо неа му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.