Шпанскиот хуманитарен брод „Оупен Армс“ (Open Arms) пристигна во близина на брегот на Газа.
Бродот носи 200 тони храна која очајно им е потребна на десетици илјади Палестинци раселени поради повеќе од петмесечната војна меѓу Хамас и Израел. ЕУ и САД ја прогласија Хамас за терористичка организација.
Помошта доаѓа откако Обединетите Нации повторно предупредија на заканата од глад во Газа.
Мисијата, која главно е финансирана од Обединетите Арапски Емирати, е организирана од американската добротворна организација World Central Kitchen (WCK), додека шпанска добротворна организација управува со бродот.
Видете и ова:
ЕУ тестира поморски пат за да испорача помош за ГазаИницијативата не е поврзана со американскиот план за изградба и управување со крајбрежно пристаниште во близина на брегот на Газа, што ќе овозможи брза испорака на хуманитарна помош.
Добротворните организации имаат намера да достават помош директно до Газа, палестинската територија која е затворена од надворешниот свет, откако Израел започна офанзива како одговор на минатогодишниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.