Русија се подготвува за долготрајна војна, а отпорот на нејзината агресија е клучниот предизвик на генерацијата, рече финскиот премиер Петери Орпо во Европскиот Парламент.
Премиерот на Финска, земја која дели повеќе од 1300 километри граница со Русија, на пленарната седница во Стразбур рече дека руската агресија против Украина е силен потсетник за кревкоста на мирот во Европа, дека ги загрозува самите темели на Европската Унија и е клучен предизвик за оваа генерација на европско лидерство.
„Русија очигледно се подготвува за долг конфликт со Западот. Меѓутоа, Русија не е непобедлива“, рече Опро, премиер на финската влада, која се смета за најдесничарска од крајот на Втората светска војна.
Видете и ова: Финска стана членка на НАТОВо април Финска стана 31-ва членка на НАТО, а Орпо нагласи дека оваа одлука не е донесена „лесно“ и е јасен сигнал за посветеноста на Хелсинки за безбедноста на континентот.
„Војната во Украина беше повик за будење. Никогаш повеќе не смееме да бидеме толку зависни од другите за нашата безбедност и енергија“, предупреди тој.
Финскиот премиер рече дека „Русија ја користи илегалната миграција во Финска како оружје, испраќајќи државјани на трети земји преку нејзините граници“, нагласувајќи дека тоа може да стане закана за националната и европската безбедност.