Во Врховниот суд денеска (13 март) со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на А. Ѓ., осомничен во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска.
Како што информираа од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, оформен е предметот по жалба на осомничениот А.Ѓ. изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.
Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на А. Ѓ. да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.
За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски - Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат уште петмина, од кои четворица се во притвор.
По предлог на надлежен обвинител Судот вчера беше укинат притворот на петтоосомничениот С. Д., возачот на првоосомничениот Палевски, кој пак е осомничен за помагање при бегството.
Видете и ова: Укинат притворот на возачот на ПалевскиМалолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.