Кремљ во понеделник (11 март) одби да ги коментира наводите на Си-Ен-Ен дека САД почнале сериозни подготовки кон крајот на 2022 година во случај Русија потенцијално да ја нападне Украина со нуклеарно оружје.
Си-Ен-Ен во саботата објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е загрижена дека Москва би можела да употреби тактичко или борбено нуклеарно оружје во Украина.
Видете и ова: Путин предупреди на ризик од нуклеарна војна ако НАТО испрати војници во УкраинаСи-Ен-Ен соопшти дека американските разузнавачки агенции добиле информации дека има разговори меѓу руски официјални лица во кои експлицитно се зборува за нуклеарен напад во 2022 година.
„Ова е вид на шпекулација што се објавува во различни весници“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека тоа не заслужува никаков коментар.