Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во почетокот на следната седмица на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.