Полскиот министер за надворешни работи: Војници на НАТО во Украина „не е незамислива“ идеја

Министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски за време на неговата посета на Украина. Киев, 22 декември 2023 година.

Полскиот министер за надворешни работи рече дека „не е незамисливо“ присуството на силите на НАТО во Украина и дека го цени францускиот претседател што не ја отфрлил таа идеја.

Шефот на полската дипломатија Радек Сикорски коментарот го даде на 8 март, за време на дискусијата во полскиот парламент.

Министерството за надворешни работи подоцна ги објави коментарите на Твитер на англиски јазик.

Видете и ова: Макрон не ја исклучува можноста за распоредување француски трупи во Украина

Минатиот месец францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не може да се исклучи можноста за испраќање на западни трупи во Украина.

Француските власти подоцна се обидоа да ги разјаснат забелешките на Макрон и да ја намалат реакцијата, истовремено инсистирајќи на потребата да се испрати јасен сигнал до Русија дека не може да победи во војната во Украина.

Кремљ предупреди дека доколку НАТО испрати борбени трупи, директен конфликт меѓу алијансата и Русија би бил неизбежен.