Украински беспилотни летала нападнаа складиште за гориво и фабрика за преработка на железо во пограничниот регион Курск на Русија, предизвикувајќи пожар во резервоарот за гориво, изјави регионалниот гувернер на 6 март.
„Регионот Курск беше нападнат од Украина. Беспилотно летало погоди складиште за гориво“, објави гувернерот на регионот Курск, Роман Старвоит на Телеграм.
Два часа подоцна, тој рече дека друг дрон удрил во складиште во фабрика за железо во градот Железногорск, кој се наоѓа на околу 90 километри од границата со Украина.
Гувернерот додаде дека нападот предизвикал пожар во резервоарот за гориво, но дека нема жртви.
Видете и ова: Украина соборила 38 руски беспилотни летала во осум региониВо последниве месеци, Киев започна бран напади со беспилотни летала врз руските енергетски капацитети, сакајќи да го таргетира клучниот енергетски и гасен сектор, тврдејќи дека Русија ги користи приходите на секторот за финансирање на војната во Украина.
Гувернерот на Курск ги предупреди жителите на нови напади во иднина и им нареди да се засолнат во простории без прозорци и дебели ѕидови.
Гувернерот на соседната Белгородска област, Вјачеслав Гладков изјави и дека Украина во текот на ноќта нападнала со беспилотни летала и артилерија. Гладков пријави одредена материјална штета, но додаде дека нема жртви.