Украинските поморски беспилотни летала го погодија и „потопија“ рускиот патролен брод „Сергеј Котов“ во близина на брегот на окупираниот Крим, соопшти Главната управа на Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) во соопштение од 5 март.
Специјалната единица на ХУР Група 13 и поморските сили на Украина учествуваа во операцијата со поддршка на Министерството за дигитална трансформација, се вели во изјавата на ХУР за Телеграм.
„Како резултат на нападите со поморски беспилотни летала Magura V5, рускиот брод од проектот 22160 Сергеј Котов претрпе оштетувања на десната и левата страна. Акцијата се одвиваше во територијалните води на Украина, недалеку од теснецот Керч“, се вели во соопштението.
Вредноста на „уништениот“ руски брод била околу 65 милиони долари, се додава во соопштението.
Снимката објавена подоцна од ХУР на социјалните мрежи покажува „како е потопен Сергеј Котов“. Зрнестото црно-бело видео се чини дека е снимено од камери на морнарички беспилотни летала од различни агли и растојанија и прикажува неколку експлозии како погодуваат брод за кој се тврди дека е „Сергеј Котов“.
Видете и ова: Украина уништила уште еден руски команден центар на КримМостот што го поврзува овој полуостров со Русија беше затворен. Утрото по околу осум часа сообраќајот на мостот е обновен.
На Крим, редовно се случуваат напади, особено експлозии во близина на мостот Керч, кој го поврзува окупираниот полуостров со Русија. Властите на Руската Федерација ја обвинуваат украинската армија за експлозиите или ги нарекуваат вежби.
Киев официјално ја потврдува својата вмешаност само во некои напади.
Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов, ја потврди вмешаноста на Службата за безбедност на земјата во двата напади на мостот Керч: во октомври 2022 година и на 17 јули 2023 година.
Во летото 2023 година, тогашниот украински министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Украина ќе продолжи да го таргетира окупираниот Крим и да го напаѓа мостот Керч, кој го поврзува полуостровот со Русија.