Вработените во „Национални шуми“ ќе штрајкуваат за плати и придонеси

илустрација

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март се до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.

„Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари“, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП Иван Пешевски.

Видете и ова: Државните претпријатија со долгови до „гуша“ и партиска превработеност

Тој информираше дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

„Да беа паметни претставниците од власта и раководството на ова претпријатие, немаше на сила да вработуваат луѓе пред избори, туку ќе ја доделија платата на околу 2000 вработени. Со вакви лажги и ветувања овие луѓе нема да излезат на избори, туку ќе излезат пред Влада да штрајкуваат“, рече Пешевски.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

Национални шуми е јавно претпријатие кое со години се наоѓа на листата на најголеми државни должници. Бурни реакции во јавноста предизвикаа и последните неколку огласи за вработувања по „етнички клуч“, во „Национални шуми“ кое објави оглас за вработување на 355 лица, доминантно Албанци и тоа во општини каде оваа етничка заедница според пописот во 2021 година има минорна бројност на жители.