Шест вооружени лица убиени во престрелка во Ингушетија, тврди Русија

Специјалци на улиците на Карабулак за време на операцијата на 2 март 2024 година.

Шест вооружени лица се убиени во престрелка со полицијата во градот Карабулак во руската севернокавкаска област Ингушетија на 2 март, соопштија тамошните истражни органи.

Националниот антитерористички комитет во соопштение наведе дека убиените мажи биле „група борци кои планирале злосторства во областа на тероризмот“.

Руските власти тврдеа дека лицата биле поврзани со терористичката организација Исламска држава. Независниот канал База на Телеграм на 3 март објави дека само петмина од убиените мажи биле вооружени, додека шестиот бил случаен минувач. Базата извести и дека се ранети тројца полицајци. Ова не може да се потврди независно.

Како што јави рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), во градот Карабулак во Ингушетија вечерта на 2 март непознати вооружени лица се судриле со полицијата. Националниот комитет за борба против тероризмот соопшти дека службениците за спроведување на законот се борат против „група милитанти кои планираат терористички злосторства“.

Според последните информации, убиени се шест лица кои се забарикадирале во куќа и пукале во специјалците. Идентитетот на жртвите беше претходно утврден. Тие наводно биле поврзани со терористичката група Исламска држава, забранета во Русија и во многу земји ширум светот.

На видеото од местото на настанот се слушаат звуци на поединечни експлозии и пукање од митралези, по што граната влетала во станбена зграда, а експлозијата е снимена на видео, јави Кавкаската служба на РСЕ.

Базата утрото на 3 март објави дека еден случаен минувач бил убиен за време на пукањето. Нема официјална потврда за оваа информација.

Видете и ова: „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за експлозиите во Иран

Лидерот на Ингушетија, Махмуд-Али Калиматов, ги повика жителите на регионот да останат смирени и да им веруваат само на официјалните информации.

Во неделата, на 3 март, околу 11 часот по московско време, агенцијата ТАСС објави дека активната фаза на операцијата е завршена.

Од сабота навечер до недела напладне во Карабулк се одвиваше антитерористичка операција.

Ова значи дека во текот на тој период органите на прогонот можеле да вршат задолжителни проверки на документи, да ја ограничат комуникацијата, да поставуваат блокади на патиштата и да имаат право да „отстранат поединци од одредени области “ - односно, да ги иселат луѓето од нивните домови, како и да се одземат возилата на организациите и да се ограничи сообраќајот на улиците.

Тоа произлегува од одлуката на оперативниот штаб на Ингушетија. Жителите од куќата во која се одвивала акцијата се евакуирани и сместени во локалната училишна зграда.