Временска прогноза - Сончево и топло времe

Сончево време (Илустрација)

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Од УХМР најавија дека во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Видете и ова:

Временска прогноза – Облачно време со услови за краткотраен дожд

Во главниот град се очекува слаб ветер од југоисточен правец, а минималната температура ќе се спушти до 3, додека максималната ќе достигне до 18 степени степени Целзиусови.

Под влијание на нов влажен бран пак, во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни со појава на ретки грмежи, соопштија од УХМР.