Секој договор во областа на безбедноста ја приближува Украина до поголеми можности, поголема глобална интеракција и поголема моќ, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х.
Тој истакна дека неговата земја веќе склучила вакви договори со шест земји - Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Канада и Италија.
Видете и ова: Зеленски од Тирана: Русија ќе стори сè да го дестабилизира Балканот„Секој таков договор ги проширува нашите можности и глобалната интеракција и не прави посилни. Во исто време, секој таков договор го зајакнува меѓународниот поредок заснован на правила. Колку поблиску соработуваме, толку побрзо ќе бидат поразени руските терористи“, објави украинскиот претседател.
Зеленски се заблагодари на секој лидер и на секоја земја што и помага на Украина.
Укринформ пренесува дека Киев веќе почнал преговори и со Норвешка за склучување билатерален безбедносен договор.