Во Иран денеска се одржуваат парламентарни избори, а врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи (84) беше еден од првите гласачи. Хамнеи ги повика граѓаните да гласаат што е можно поскоро, наведувајќи дека, како што рече, „и пријателите и непријателите на Иран ја следат излезноста“.
„Направете ги вашите пријатели среќни и направете ги вашите непријатели безнадежни“, додаде Хамнеи. Прелиминарните резултати од изборите во Иран се очекуваат во сабота.
Заедно со парламентарните избори ќе бидат избрани и 88 членови на верското тело наречено Собрание на експерти, чија задача е да го именуваат или сменат врховниот лидер.
Видете и ова:
Пред изборите во Иран, одекнува истиот рефрен: Која е поентата да се гласа?Најголемата тврдокорна група, составена од поранешни членови на елитната Револуционерна гарда и поврзаната милиција Басиџ, како и други политичари лојални на врховниот водач Хамнеи, се очекува да го задржи мнозинството во парламентот.
Во него се вклучени и приврзаниците и трагачите по патот на исламската револуција, Фронтот за стабилност на исламската револуција, партијата Исламска коалиција и Здружението на милитантни свештеници.