Временска прогноза - Повремен дожд и топло време

Жена со чадор во Скопје.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде што ќе има поројни врнежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигнат до 15 степени.

Видете и ова: Климатски промени - житните култури се намалуваат до 50 отсто

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.