Северна Македонија ја продолжува цврстата, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинските институции и украинскиот народ, а граѓаните остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна, порачал претседателот на Собранието на Северна Македонија Јован Митрески кој престојува во Украина.
Тој во посета на Киев е на покана од претседателот на Врховната рада на Украина Руслан Стефанчук, за да присуствува на настаните посветени на втората годишнина од почетокот на руската воена агресија на Украина.
Во рамките на посетата, Митрески имал обраќање на специјалната седница на Врховната рада на Украина.
Обраќање на Митрески пред Врховната рада.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Митрески изразил цврсто уверување дека, како и досега низ историјата, демократските вредности ќе ја победат агресијата, а соработката ќе се насочи кон разговори за подобар животен стандард, просперитет и развој, културна соработка и размена.
Тој рекол дека денеска се собрани во Киев за да испратат пораки за мир, разбирање, толеранција и почитување на другиот, но и порака на обединетост на демократскиот свет во поддршката за Украина, стои во соопштението.
Северна Македонија, како членка на НАТО, од почетокот на инвазијата, се солидаризираше со Украина, а и испрати и помош на земјата зафатена од војна.